Август стана кошмар за милиони европски туристи

од desk2
63 прегледи

Од месец за одмор од соништата август се претвори во кошмар за милиони европски туристи кои се соочуваат со бран екстремно високи температури, сообраќаен метеж, протести против туристите на некои од напосетените туристички дестинации, пишува денеска Гардијан.


Бранот жештини однесе животи во Италија и Романија, а на целиот континент живата достигна највисоки вредности додека амбулантите и болниците се полнат поради тегоби предизвикани од високите температури.
Пожари на некои дестинации и немањето вода и струја, на многумина им го расипаа одморот.

Од Киев до Рим, жителите и туристите бараат освежување, а властите во јужна Европа ги предупредуваат работодавците да го скусат работното време.

„Во Србија се советува разладување со водени чаршави на прозорците, додека Словенија, алпска земја ја забележата првата тропска ноќ во која температурите не паднаа под 20 степени ни на висина од 1.500 метри над морското ниво“, наведува Гардијан.

Дополнителни проблеми се гужвите и сообраќајниот хаос на аеродромите поради зајакнатите контроли.
Најлошо е во барселона каде патниците со часови чекаа да поминат и многумина ги пропуштија летовите. Освен тоа, локалното население во венеција протестира против масовниот туризам, а на сличен чекор се одлучија и некои жители во шпанските градови.