Авиолинијата Скопје-Софија може да биде продолжена до Истанбул или Атина?

од Nikola Popovski
253 прегледи

Не се исклучува можноста авионското поврзување меѓу Македонија и Бугарија, всушност да биде триаголник, односно да биде Скопје-Софија-Атина или Софија-Скопје-Истанбул, информира вечерва министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во емисијата „Вин-вин“.

Според него, компанијата што ќе треба да лета треба да најде финансиски интерес.

-Тргнавме од аспектот да разговараме со оператори кои се заинтересирани да имаат финансиска исплатливост да летаат на ваква релација. Во минатото беше запрена затоа што немало доволен број патници. Аспектот дека треба да одиме со помагање или субвенционирање на оваа линија е во втор план. Дискутиравме и за можностите овие компании да направат триаголник, со што ќе ја направи попримамлива оваа делница за движење. Крајната цел е Скопје-Софија, без разлика дали таа компанија потоа ќе го најде интересот и ќе летат од Софија до Њујорк или Канада или Германија. Во вторник ќе продолжиме да разговараме, рече Бочварски.

Слични содржини