Авион излета од писта на аеродромот во Јангон

од desk4
113 прегледи

Најмалку 17 лица се повредени кога авион на бангладешката компанија „Биман“ излета од писта при слетување на аеродромот во Јангон, Мјанмар.

Портпаролот на авиокомпанија „Биман“, Шакил Мерај изјави дека инцидентот се случил кога авионот кој полетал од Дака поради лошо време слетал на аеродромот во Јангон.

Во авионот имало 29 патници, двајца пилоти и две струјардеси.