Авион летал над Балканот без дозвола: Прелетал 4 земји

од Stefanija Kuzmanovska
433 прегледи

Двомоторен авион „Бичкрафт“ со две лица синоќа без дозвола прелетал над воздушниот простор на Унгарија, Романија, Србија и Бугарија, соопшти романското Министерство за одбрана.

„Авионот што прелета низ романскиот воздушен простор на рутата што ги опфаќа Орадеа, Карансебес и Дробета-Турну Северин не покажа знаци на непријателство или опасно однесување. Пилотот не реагирал на радио повиците и визуелните сигнали на воените авиони кои го придружувале леталото во согласност со меѓународните правила“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

Според достапните информации, авионот полетал од реонот на унгарскиот град Дебрецен околу 17.30 часот, без одобрение и план за лет и со исклучени транспондери.

Два унгарски воени авиони го придружуваа леталото во унгарскиот воздушен простор.

На авионот околу 19 часот му биле потребни околу две минути да прелета низ воздушниот простор на Србија и потоа да влезе во воздушниот простор на Бугарија.

„Бугарските власти работат на терен и ја испитуваат последната позната позиција на авионот со цел да се идентификува и да се откријат дополнителни детали“, се вели во соопштението на романското Министерство за одбрана.

Слични содржини