Авион принудно слета во Романија поради закана од бомба

од desk4
95 прегледи

Авионот Ербас А320 на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен кон Романија.

Портпаролот на Меѓународниот аеродром, Валентик Јордаке изјави дека авинонот, откако го напуштиле 173-та патници, е однесен на изолирана локација на пистата каде што е извршен претрес и скенирање на багажот.

Јордаке додаде дека заканата за бомба била добиена телефонски од женски глас.

Авионот полета пет часа подоцна кон Варшава, откако романските власти го завршија претресот.