Авион што слета на аеродромот на Малта излета од пистата и се заби во аеродромската зграда.

Авионот Dasault Falkon во приватна сопственост ја проби оградата и блок од зградата во близина на аеродромот на Малта.
Се верува дека авионот слетал од пистата во налет на силен ветар и потоа удрил во зградата која е во сопственост на една градежна фирма. Медиумите пренесуваат дека авионот е во сопственостна британски лорд.
Спасувачките служби и пожарникарски тимови веднаш се упатиле на местото на несреќата, заедно со полицијата и војската. Нема повредени во инцидентот.
„Се чини дека дошло до прекин на безбедносни кабли и кочници кои го држат авионот и практично тој е оддуван од јачината на ветрот од местото каде бил паркиран на улица пред да удри во зградата, која се наоѓа до пистата“, соопштија властите.