Авион удрил во станбена зграда во Германија – има мртви ВИДЕО

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Три лица загинаа кога мал авион се урна во станбена зграда во Германија и се запали, јавуваат светските медиуми

Според „Дејли мејл“, се претпоставува дека дете е повредено во инцидентот што се случил во градот Весел, кој се наоѓа на околу 56 километри од Дизелдорф.

Сведоци на трагедијата велат дека авионот се судрил со балон, а потоа се урнал во станбена зграда.

Полицијата и припадниците на противпожарната бригада пристигнале на местото на настанот, а локалните медиуми јавуваат дека пилотот сè уште не е пронајден.

Шефот на полицијата Питер Ројтерс изјави дека службите за итни случаи биле повикани во 14,42 по локално време, јави Би-Би-Си.

„Три тела беа пронајдени во таванот на станбената зграда. Тие се возрасни. Детето исто така било полесно повредено и шокирано“, рече тој.

Еден очевидец изјави за „Билд“ дека се случила експлозија и дека тој го видел авионот како огнена топка.

Падобран е пронајден во близина на местото на несреќата, а се верува дека откажал системот за сопирање во авионот.

Зградата што била удрена од авионот има пет станови.