310
Авион поврзан со сопственикот на фудбалскиот клуб Челsи и руски олигарх Роман Абрамович слетал во Москва, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на страницата за следење на летови FlightRadar24.
Авионот полетал од Израел и накратко застанал во Турција на пат кон Русија, според FlightRadar24. Не се наведува дали Абрамович бил во авионот.
Абрамович, кој исто така има израелско и португалско државјанство, е виден во понеделникот на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, според Ројтерс.
Минатата недела Британија го санкционираше поради неговите врски со рускиот претседател Владимир Путин. Европската унија го следеше примерот.
Абрамович негира дека има блиски врски со Путин.