Поради Абрамович, славен холандски тим испадна од првата лига

од Vladimir Zorba

Со неговото принудно заминување од Челси, тим кој мораше да му го продаде на Тод Боли кога започна војната во Украина, Роман Абрамович се најде во втор план во медиумите. Сепак, скандал во холандскиот фудбал го врати на сцена.

Имено, англиски „Гардијан“ пренесе информација според која самиот Абрамович стои зад испаѓањето на тимот на Витесе.

По 35 години Витеsе испадна во втората лига на Холандија откако му беа одземени 18 бодови, па сега на четири кола пред крајот има -1 бод на табелата.

Одземени бодови поради проблеми со лиценцирањето на играчите. Фудбалскиот сојуз на Холандија воведе санкции за овој тим, а како што пишува „Гардијан“, постојат индиции дека поранешниот сопственик на Челси, Роман Абрамович го контролирал или сè уште го контролира Витесе.

Исто така, беше наведено дека Витесе криел клучни информации во истрагата, додека Абрамович тајно инвестирал повеќе од 100 милиони евра во овој клуб.

Инаку, Витесе беше промовиран во највисок ранг во 1989 година. Никогаш не ја освои титулата, додека во Купот триумфираше во 2017 година.

Да потсетиме, Абрамович 20 години беше на чело на Челси, кој имаше блиски врски со Витесе, кој накратко служеше како огранок на лондонскиот клуб.

Имотот на рускиот милијардер беше замрзнат по рускиот напад на Украина, а тој мораше да се повлече од функцијата шеф на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Слични содржини