Авионска линија до Софија од 27 март

од Берта Китинска
261 прегледи

По пауза подолга од една декада денеска Софија и Скопје повторно се поврзаа со воздушна линија со авионот полн со политичари и владини претставници.По триесет и пет минути лет, авинонот на компанијата „Гуливер“ пристигна на скопскиот аеродром.

Министрите за транспорт и врски од двете земји, Бочварски и Сабев се задоволни и од отварањето на воздушниот пат и од сработеното досега во работната група.

Од 27 март ќе почне да сообраќа редовната авиолинија Софија – Скопје. Цената на билетот треба да ја одреди сопственикот на компанијата „Гуливер“ со чии авиони ќе се реализираат летовите.

Претставниците на скопскиот и софискиот аеродром денеска во Скопје имаа средба со сопствeникот на „Гуливер“ на која присуствуваа и министрите за транспорт и врски на Северна Македонија и Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев.

Како што изјавија Бочварски и Сабев по средбата, двата аеродрома ќе поддржат програма за стимулирање нови летови за авиолинијата Софија – Скопје да не трае само шест месеци како што било во периодот меѓу 2007 и 2009 година.

Министрите најавија и дека се водат разговори за воведување летови од Софија до Охрид и од Варна и Бургаз до Скопје и до Охрид.

-Заради тоа што гледаме напред, гледаме кон иднината. Гледам дека имаме пријателски расположени најпрвин влади, министри, министерства, тур-оператори од двете земји. Гледам дека и граѓаните имаат можност и бараат да има подобро поврзување помеѓу двете земји до нашите туристички центри, но и до нашите главни градови. Од страна на тур-операторите дојдоа многу интересни предлози на состанокот и верувам дека во наредниот период тие предлози ќе се преточат кон конечна реализација за да може оваа мрежа на транспортот да конечно ја развиеме уште посилно и уште подобро во целиот Балкан, рече Бочварски, одговорајќи на новинарско прашање.

Слични содржини