Американските авиокомпании „Американ ерлајнс“, „Јунајтед“ и „Делта“ побарале од Сојузот за цивилно воздухопловство на САД (FAA) да ги приземјат сите свои летови поради глобален проблем со компјутерите, се наведува во предупредувањето на FAA во петокот наутро.
Oд „FAA“ побарале од контролорите на летање да им пренесат на пилотите дека авиокомпаниите моментално имаат проблеми во комуникацијата.
-Во меѓувреме, летовите во воздух ќе останат во воздух, но нема да полета ниту еден нов авион од наведените авиокомпании, објавил „ABC News“.
Сè уште не е познато колку е распространет проблемот, но од аеродромот во Мелбурн во Австралија, исто така, соопштиле дека „доживуваат глобален технолошки проблем“ што влијае на нивните процедури за пријавување.
Проблеми се забележани и на аеродромот во Берлин, каде во петокот наутро ниту еден авион не можешл да слета или полета. Причината, како што е наведено, е технички дефект кој довел до доцнење во обработката.
Според непотврдени извештаи, имало голем дефект на серверот и истакнато е дека се активирани системите за итни случаи.
Портпаролката на аеродромот соопштила дека летовите најверојатно ќе бидат прекинати до 10 часот.