Авиосообраќајот се враќа на нивото пред пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska
376 прегледи

Авиопревозниците во јуни остварија зголемување на сообраќајот за 31 отсто во однос на минатата година, објави денеска Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA) во Женева. Во првата половина од годината, глобалното работење се зголемило за 47,2 отсто во споредба со истиот период во 2022 година.

Европските превозници имаат пораст од 14 отсто

„Глобално, сообраќајот сега изнесува 94,2 отсто од сообраќајот пред ковидот“, соопшти IATA.

Авионските места биле посебно пополнети во Северна Америка и Европа.

Авиокомпаниите од азиско-пацифичкиот регион имаа пораст од 128,1 отсто во јуни во споредба со јуни 2022 година.

Слични содржини