АВМУ бара поголема одговорност од ОЈО за случаи на говор на омраза

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагираше дека откако  ќе констатира говор на омраза во медиум, Основното јавно обвинителство и Комисијата за заштита од дискриминација не превземаат ништо, пренесува 24 Вести.

Од таму велат дека  само во еден случај во тек на предизборна кампања, од Обвинителствотот  одговориле дека станува збор за „собирање на  политички гласови. А, врвот на нивната немоќ да реагираат како Агенција бил кога во законот во 2014 година едноставно исчезнале мерките, како забрана за рекламирање.

„Не само што исчезнаа мерките забрана за рекламирање на сервисот, туку не поистои никаква глоба пропишана за да можеме да покренеме прекршочна постапка кога некој медиум ќе емитува говор на омраза.“ – изјави Емилија Петреска-Камењарова –  агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.