АВМУ најостро осудува говор на омраза и повици за насилство кон медиумите

од Даниел Ѓорѓиевски
16 прегледи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) најостро го осудува говорот на омраза и повиците за насилство кон медиумите и новинарите, оценувајќи дека тие претставуваат сериозна закана за слободата на изразување и безбедноста на медиумските работници.

„Повиците за напади на медиумите директно ја загрозуваат безбедноста на новинарите и претставуваат напад врз слободата на информирање“, нагласуваат од АВМУ.

Истовремено, агенцијата апелира до медиумите внимателно да ги избираат содржините што ги емитуваат, особено во чувствителни моменти, како што се деновите на жалост.

„Информациите и содржините треба да бидат соодветни на моменталната ситуација и да ги почитуваат највисоките професионални и етички новинарски стандарди“, се вели во соопштението.

АВМУ останува посветена на заштитата на медиумските слободи и потсетува на важноста на одговорното известување во јавниот интерес.

Слични содржини