Аврил Лавињ се врати на сцената по 3 години

од Vladimir Zorba

Аврил Лавињ ja имаше својата прва изведба во живо по три години отсуство од сцената, приклучувајќи се кон своите колеги од “Никелбек” на нивниот концерт во петокот (8-ми септември). Таа пееше заедно со поранешниот сопруг Чад Кругер и останатите момци од групата концертот во грчкиот театар во Лос Анџелес, Калифорнија и ја исполни песната “Rockstar” заедно со фан на име Овен.

32-годишната ѕвезда остана во голема мера надвор центарот на вниманието во текот на последните две години откако беше погодена од Лајмска болест, но работи напорно за своето враќање. Таа откри неодамна дека фановите ќе можат да слушнат нови песни, и им се заблагодари на фановите за трпението и поддршката за време на двегодишната нејзина битка со болеста и напиша на Твитер: “Сакам да им се заблагодарам на моите фанови за нивното трпение. Се враќам со нов албум и се надевам дека тој ќе биде совршен за вас! ”

Аврил изјави дека ефектот на болеста ќе се одрази врз креативноста. “Ова не беше само тежок момент, но и просветлување, и тоа влијаеше на мојата уметност и личен живот”.

“Мој приоритет ќе продолжи да биде зголемувањето на свеста за Лајмска болест”, додаде пејачката.

Слични содржини