Австралија ќе ги замени своите банкноти од пет австралиски долари со портрет на кралицата Елизабета Втора со нов дизајн кој ќе ја одразува и почитува историјата на домородната култура на континентот, објави денеска Националната банка на земјата.
Одлуката уследи по консултациите со федералната влада, која ја поддржува промената, се вели во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
Додаваат дека од другата страна на банкнотата, како и досега, ќе има слика од парламентот.