Австралија: Ајкули масивно нападнаа катамаран на кој имало три лица

од Stefanija Kuzmanovska
242 прегледи

Три лица, двајца Руси и еден Французин, утринава се спасени од чамец катамаран во Коралното Море во близина на североисточниот брег на Австралија, откако пловилото било оштетено во неколку напади на ајкули, соопштија властите.

Сателитски фотографии и видео од австралиската управа за поморска безбедност (AMSA) покажаа дека голем дел од катамаранот е откорнат, објави „Ројтерс“.

AMSA соопшти дека спасувачките екипи одговориле на повикот за помош рано утринава од деветметарскиот катамаран на надувување кога пловилото се наоѓало на околу 835 километри југоисточно од Кернс во Коралното Море.

Тројцата патници треба да пристигнат во Бризбејн во четврток, соопшти AMSA.

Слични содржини