Австралија испратила џентлменско извинување до македонската Влада во однос на забраната за истакнување на македонското знаме.
-Непријатно е чувството и затоа ние реагиравме веднаш. Стигна извинување од Австралија, кажа денеска премиерот Димитар Ковачески.
Премиерот е дециден дека Австралија е наша пријателска држава со голема македонска заедница.
-Се извинија и кажаа дека е технички пропуст и дека не треба да влијае на нашите односи со земјата. На мечот кој што го имаше Лина Ѓорчевска имаше македонски знамиња во публиката, така да ние го прифативме извинувањаето. Се работи за џентлменско извинување. Се надеваме дека вакво нешто нема да се случи во иднина, рече претседателот на Владата, одговарајќи на новинарско прашање.
Во текот на вчерашниот ден, македонската заедница во Австралија алармираше дека македонското знаме е забрането за пренос преку камерите на тенискиот турнир Австралија Опен, покрај знамињата на Палестина, Израел, Русија, Белорусија и Тајван кои исто така се забранети.
Според објавените фотографии, биле дадени инструкции на камерманите воопшто да не го прикажуваат.