Австралија го озакони правото на одмор по работниот ден и за вработените во помалите фирми

од desk2
28 прегледи

Милиони вработени во малите фирми во Австралија веќе имаат законско право да одбијат да учествуваат во службена комуникација по работното време, откако во земјата почна втората етапа на примена на законите поврзани со „правото на исклученост“.

Првпат оваа можност беше воведена минатиот август, но само за вработените во големите фирми, а сега се воведува и за останатите вработени.

Едноставно, „правото на исклученост“ значи дека вработените не може да бидат казнувани од работодавачите ако одбијат да учествуваат во службени телефонски разговори, да се ангажираат со електронска пошта или со кратки пораки надвор од работното време.

Законот, што се однесува на фирми со помалку од 15 вработени, според Комисијата за справедлив труд на Австралија, значи дека вработениот може да одбие да следи, чита или да одговара на обиди за контакт вон работното време, освен ако одбивањето на вработениот е „незаконско“. „Незаконско“ прецизно значи одбивање на комуникација ако постои договор за плаќање вон работното време, потоа, во зависност од нивото на одговорностите на вработениот и причината за контакт.

Поединечните работодаватели може да бидат глобени со суми до 18.780 австралиски долари за секое прекршување. Фирмите може да бидат глобени до 93.900 долари.

Слични содржини