275
Министерот за одбрана на Австралија денеска изјави дека нема надеж дека четиричлениот екипаж на воениот хеликоптер, кој се урна во океанот во близина на државата Квинсленд, преживеал.
Хеликоптерот MRH-90, кој учествуваше во заедничката австралиско-американска воена вежба, во петокот вечерта се урна во океанот кај островот Хамилтон, околу 890 километри северно од Бризбејн, пренесе „Ројтерс“.
„Имаше катастрофален инцидент и со секој нов час што минува, станува се појасно дека нема надеж дека екипажот на хеликоптерот ќе биде пронајден“, рече министерот за одбрана Ричард Марлс за време на брифингот за медиумите.