Пени Вонд, министерката за надворешни работи на Австралија, ја повика Русија да ја надомести штетата за уривањето на авинот MH17 на Малезија Ерлајнс во 2014 година, откако Европскиот суд за човекови права ја прогласи Москва одговорна за трагедијата.
Судот за човекови права во Стразбур, Франција, вчера потврди дека Русија не ја проверила метата на ракетата што го урнал авионот на Малезија Ерлајнс над украинската регија Доњецк на 17 мај 2014.
Судот во Стразбур вчера утврди дека Москва не ги заштитила животите на луѓето во авионот Боинг 777, кој леташе од Куала Лумпур за Амстердам, кога го погоди ракета испукана од проруските бунтовници на западот на Украина.
Сите 298 луѓе во авионот загинаа, вклучително и 196 холандски државјани.
Русија постојано негира каква било одговорност.