Австралија опен ќе добие нова шампионка – елиминирана Осака

од Vladimir Zorba

Третото коло на Австралија опен ни приреди едно големо изненадување – шампионката Наоми Осака ќе го предаде трофејот откако беше елиминирана од 20-годишната Аманда Анисимова во три сета 4:6, 6:3, 7:6.

Иако сите веќе гледаа големо дерби меѓу Осака и Ешли Барти, Јапонката не го издржа притисокот и попушти во продолжениот тај-брејк од третиот сет пред младата светска тениска ѕвезда.

Се играше два часа и 18 минути, а Анисимова покажа шампионски менталитет откако победи противничка која вети дека ќе ја одбрани титулата.

Во средината на вториот сет се тргна наопаку за Осака, која доживеа брејк за 3:1, а потоа беше јасно дека нема да оди во следната рунда од натпреварувањето без голема борба.

На крајот Анисимова со два мини брејка стигна до огромен триумф, кој и гарантира продолжување на авантурата.

Слични содржини