Австралија потврди дека истражува обид за кинеска шпионажа

од Aleksandar Petrovski
168 прегледи

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека медиумски извештаи за обидот на Кина да инфилтрира свој шпион во австралискиот парламент во Канбера биле „длабоко вознемирувачки и загрижувачки“.

Австралиската безбедносна разузнавачка организација (АСИО), која ретко објавува соопштенија, посочи дека веќе ги истражува наводите на телевизијата Канал 9, за кои биле свесни и пред објавата на телевизијата.

Австралиската телевија јави дека Кина наводно понудила околу 680.000 долари на продавачот на луксузни возила Бо Ник Жао да се кандидира за пратеничко место од редовите на владејачката Либерална партија, на кој тој веќе бил член.

Ник Жао минатата година веднаш ја информирал АСИО за понудата која ја добил. Во март тој беше пронајден мртов, во хотелска соба во Мелбурн.

Слични содржини