Австралијанката со меморија каква што не сте виделе

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Австралијанката Rebeka Sharrock  памти и цели книги, од првата до последната буква. Се работи за ретко пореметување поради кое не може да заборави што доживеала, се сеќава на сите детали, дури и на своите соништа.Rebecca Sharock  е 27-годишна девојка од Брисбане во Австралија која има ретко пореметување-високо супериорно автобиографско памтење.Со други зборови има натчовечко памтење какво имаат само 60 или 80 луѓе на светот. Таа се сеќава баш на секој ден од својот живот и тоа откако се родила, односно од својот 12 ден во животот. Првото сеќавање ја води во автомобилот на своите родители кога ја ставиле на возачкото место и ја фотографирале. Се сеќава дека  тогаш размислувала  за што служи тоа седиште, од каков материјал е, за што служи воланот во кој гледала…Запамтила како родителите ја гледале со насмевка и фотографирале. И не само што памти што кој ден се случувало, туку има меморирано и детали, како, каков фустан носела, што јадела,какво било времето тој ден, како се чувствувала и зошто плачела.

„Не можам да заборавам ни еден ден од својот живот. Во мислите повторно ги вртам сеќавањата и го преживувам она што ми се случило во минатото, и добро и лошо. На пример, за првиот роденден мајка ми ме облече во сатенски фустан и плачев бидејќи од него се ме чешаше.Тој ден родителите ми даруваа плишана играчка Мини Маус чие лице ме исплаши, иако тоа не можев да го изговорам. Сè што можев е да плачам и да ја туркам таа играчка да не ја гледам“- се присети Ребека и додаде како со 18 месеци почнала да сонува и се сеќава на своите соништа.

Колку ѝ е помнењето неверојатно покажува и тоа што ја знае целата збирка Хари Потер напамет и може да ја изрецитира од првата до последната буква. Не била свесна отсекогаш колку е посебна. Во средината на 2014 год читав весник и дојдов до статијата во која пишуваше дека луѓето е невозможно да се сетат на настаните кои ги проживеале до четвртата година од животот. Си мислев дека „ова е апсолутна глупост„- раскажа и навести дека наскоро ќе ја издаде книгата„Мојот живот е загатка„-Сеќавањата до мојата четврта година ќе исполнат големо поглавје од таа книга.-додаде. Оваа исклучителна девојка одлучила да учествува во истражувањата во кои научниците го проучувале човечкиот ум.На тој начин сака да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со помнењето.

С.В.