Австралијците ќе го изразат своето мислење за или против хомосексуалните бракови во “невообичаена и комплицирана” анкета, пишуваат локалните медиуми. Гласањето по пошта што ја разгори жестоката дебати во австралиското општество, требаше да биде референдум, но на крајот владата го довери на Австралиското биро за статистика, кое нема право да одржува избори. Па сега тоа е само неофицијална студија.

Против анкетата беа однесени две тужби во судот, но Врховниот суд ги отфрли. Прашањето на гласачките ливчиња ќе гласи: “Треба ли законот да биде изменет така што истополовите парови ќе можат да склучат брак?”. Ако доволно голем број на луѓе одговараат со “да”, тоа може да доведе до гласање во парламентот, кој ќе има правни последици. Но пратениците не се должни да се усогласат со мислењето на гласачите. Гласачките ливчиња ќе бидат испраќани на избирачите во текот на две недели, а крајниот рок за праќање назад е 7 ноември. Премиерот Малком Турнбул изјави дека тој и неговата сопруга ќе гласаат со “да” и ги повика Австралијците да го сторат истото.