Австралијците кои престојувале во Индија не можат да се вратат во нивната земја: Кој ќе ја прекрши забраната, оди во затвор!

од Берта Китинска
334 прегледи

Новите правила, кои стапуваат на сила од понеделник, значи дека Австралијците кои биле во Индија во последните две недели, каде беснее епидемија на коронавирус, ќе добијат парична казна или затворска казна доколку се вратат во земјата, објавија медиумите.

Правилата кои забрануваат влез во Австралија за патниците од Индија – вклучително и австралиски државјани – стапуваат на сила од понеделник, а првата ревизија ќе биде на 15-ти мај.

Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, доцна во петокот објави дека секој што ќе се обиде да ги заобиколи новите правила, ќе добие парична казна од над 50 000 УСД, пет години затвор или и двете, објави австралискиот Асошиејтед прес

Околу 9000 Австралијци во Индија пријавиле дека сакаат да се вратат, пишува ААП.

Министерот за здравство се повика на овластувањата според Законот за биосигурност кога воведе нови мерки, истиот закон што беше основа за затворање на границите, пишува Гардијан.

Во саботата, австралискиот министер за финансии Џош Фриденберг ги отфрли критиките дека е „неодговорно“ да ги остави Австралијците во Индија, во време кога земјата се соочува со глобално рекордни бројки на нови инфекции, високи смртни случаи и недостаток на медицинска опрема, вклучително и кислород.

„Презедовме драстични активности за да се осигури безбедноста на Австралијците, а она што го гледаме во Индија е многу сериозна состојба “, изјави Фриденберг Гардијан

Директорката на Хјуман рајтс воч во Австралија, Елејн Пирсон, за ААП изјави дека одговорот на владата за ситуацијата во Индија е „срамен“.„Австралијците имаат право да се вратат во својата земја“, рече таа.