Австралиска сенаторка со коментар за кралицата предизвика скандал на положувањето заклетва (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Домородната австралиска сенаторка Лидија Торп ја нарече британската кралица Елизабета Втора „колонизатор“, додека положуваше заклетва во австралискиот парламент.

Таа сама положи заклетва по отсуството, додека другите дадоа заклетва минатата недела.

„Јас, суверената Лидија Торп, свечено и искрено потврдувам и изјавувам дека ќе бидам верна и ќе бидам вистински лојална на колонизирачкото Нејзино височество кралицата Елизабета Втора“, рече Торп со крената рака пред да биде прекината од претседателот и претставникот на Сенатот.

Претседателот на Сенатот ја прекина заклетвата на претставничката на Зелените и побара од неа да ја повтори заклетвата, но читајќи го текстот напишан на картицата.

Еден од претставниците рече дека нема да стане сенаторка додека не го направи тоа (заклетвата) на вистински начин.

Заклетвата гласи „Се колнам дека ќе бидам верна и лојална на Нејзиното височество кралицата Елизабета Втора, нејзините наследници и законски наследници“.

Торп читаше што пишува на картичката, но цело време ја држеше тупаницата стисната над главата.

Австралија стекна независност во 1901 година, откако беше управувана од Велика Британија како колонија над 100 години. Британската кралица Елизабета Втора е титуларен лидер на Австралија и ја носи титулата кралица на Австралија.

Во земјата се зголемуваат барањата да се прекинат сите врски со британското кралско семејство и да се прогласи република.

Слични содржини