Австралиската полиција заплени дрога вредна 1,1 милијарда долари

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската полиција денеска соопшти дека запленила дрога метамфетамин, позната и како кристал мет, вредна околу 1,1 милијарда американски долари, која била скриена меѓу мермерни плочи во неколку бродски контејнери, што е најголема заплена на наркотици во земјата.

Повеќе од 1.800 килограми метамфетамин биле пронајдени скриени во мермерни плочи во контејнери кои пристигнале од Блискиот Исток во последните недели во пристаништето во Сиднеј, соопшти државната полиција на Нов Јужен Велс (NSW), пренесува „Ројтерс“.

Во последната заплена пронајдени се нешто повеќе од илјада килограми метамфетамин, соопшти денеска полицијата, откако минатата недела биле запленети околу 750 килограми кристал мет, соопшти британската полиција.

Слични содржини