333
Австралискиот новинар и колумнист Пол Бонџорно на својот Твитер профил објави дека Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран во четврток.
Бонџорно не ги откри своите извори туку само напиша:
„Слушам дека Алекс Хок утре ќе го „исфрли“ Џокерот“, напиша новинарот на Твитер.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ и официјално е назначен за прв носител на Австралија опен, каде ноќта меѓу среда и четврток треба да ги дознае противниците.
Сепак, конечната одлука за статусот на Новак во Австралија треба да ја донесе министерот за имиграција Алекс Хок.
I am hearing @AlexHawkeMP will boot out the Joker tomorrow.
— Paul Bongiorno (@PaulBongiorno) January 12, 2022