Австралиски војници развеале нацистичко знаме во тек на операција во Авганистан

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Австралиски војници развеале нацистичко знаме за време на една од операциите во Авганистан што војската тогаш го оцени како „лоша шега“, а премиерот Малком Турнбул како потег кој е „потполно неприфатлив“.

Австралиската телевизија Еј-Би-Си објави фотографија од тој инцидент кој се случи во 2007 година, наведувајќи оти пред се работело за „лоша шега“ отколку за нацистички чин.

–  Знамето за кратко се виореше на едно од возилата на австралиската војска vo 2007 година. Командантот веднаш го тргнал, појасни Министерството за одбрана, наведува Еј-Би-Си.

-Знамето  е тргнато, а одговорните казнети, изјави премиерот./МИА