Австралискиот премиер го поддржа предлогот во Долниот дом за враќање на Асанж во Австралија

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Австралискиот премиер Ентони Албанес го поддржа предлогот во Долниот дом на парламентот за враќање на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во Австралија, пред сослушувањето за неговата екстрадиција во САД следната недела во Лондон, пренесува „Хина“.

Во средата за предлогот на независниот претставник Ендрју Вилки гласаа 86, а против беа 42 претставници. Владејачката Лабуристичка партија застана на страната на Вилки, а повеќето од конзервативната опозиција се спротивставија.

Независниот претставник рече дека тоа е „силен политички сигнал до британската и американската влада“.

Американските власти бараат екстрадиција на Асанж во САД. Тој во моментов е во британски притвор, а американските судови го обвинија за објавување на доверливи американски воени и дипломатски документи од страна на „Викиликс“.

Британците се согласија на негова екстрадиција, но Австралиецот Асанж ги искористи последните правни средства за да се обиде истата да ја спречи.

Слични содржини