Австралискиот премиер за Ѓоковиќ: Одлуката е на министерот за имиграција

од Vladimir Zorba
257 прегледи

Австралискиот премиер Скот Морисон одржа прес-конференција во средата навечер по состанокот на кабинетот на неговата Влада.

Едно од прашањата на кои одговори беше и за имиграцискиот статус на Новак Ѓоковиќ.

Морисон реши да даде колку што може помалку информации, па неговата изјава беше следна: „Јас би се повикал на претходните изјави на г-дин Хок (австралиски министер за имиграција) – таа позиција не е променета. Тоа се лични овластувања кои министерот има право да ги користи, не планирам повеќе да го коментирам тоа“.