Австрија и Германија итно ги повлекоа спасувачите од Турција

од Nikola Popovski
119 прегледи

Австриската армија денеска ги прекина спасувачките операции во провинцијата Хатај, во Турција, која беше погодена од земјотресот, поради влошување на безбедносната ситуација, пренесе Ројтерс повикувајќи се на француската агенција АФП.

-Имаше судири меѓу групите, изјавил портпаролот на австриската армија, како што пренесе АФП на Твитер, додека друг поручник на австриските вооружени сили додал дека има и извештаи за пукање.

Претставникот на армијата не изнел повеќе детали за какви судири станува збор.

„Австриските сили се засолниле во камп со други меѓународни организации и чекаат инструкции“, изјавил воениот портпарол.

Германија ги прекина спасувачките операции

Германија, исто така, ги прекина спасувачките и хуманитарните активности на местото на смртоносниот земјотрес во Турција поради безбедносни причини, по сличниот потег на Австрија.

Германската федерална агенција за техничка помош (THV) ги прекина спасувачките операции поради промена на безбедносната ситуација во регионот Хатај, соопшти организацијата.

„Во последните неколку часа безбедносната ситуација во регионот Хатај јасно се промени. Има се повеќе извештаи за судири меѓу различни групи. Затоа, тимовите за пребарување и спасување на ИСАР Германија и ТХВ засега ќе останат во заедничкиот базен камп. ИСАР и ТХВ ќе продолжат со работа веднаш штом АФАД процени дека состојбата е безбедна“, се вели во соопштението.

Слични содржини