Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц испрати порака до соседите Италијанци да ги спречат мигрантите да стигнат на копно со тоа што ќе ги укинат линиите за ферибот од островите каде првично пристигнуваат бегалците.

Курц на својот колега од Италија, Анџелино Алфано му рече дека спасувачките мисии на Медитеранот не треба да бидат карта за централна Европа, на маргините на состанокот на ОБСЕ во Виена.
„Се надеваме дека фери услугите за илегалните мигранти ќе бидат сопрени меѓу италијанските острови како Лампедуза и италијанското копно“, рече Курц. „Ако луѓето брзо заминуваат од островот до копното, а потоа продлжуваат на север, ова не само што ќе го зголеми притисокот врз централна Европа туку ќе охрабри и други мигранти да заминат“, вели тој.
Италија ја претстави програмата за тоа како ќе ја води Организацијата за безбедност и соработка кога в година ќе ја преземе од Австрија.
Алфано рече дека ќе има силен фокус на Медитеранот, мигрантската криза и терористичките закани, но и промоција на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог.
Речиси 90.000 мигранти пристигнаа во италија оваа година, што е повеќе за 10 отсто отколку лани истото време./TheLocal