Австрија: Од денес казни за пребрзо возење и до 5.000 евра

од Nikola Popovski

Во Австрија денеска стапија на сила измените на Законот за сообраќај, кои предвидуваат повисоки казни за пречекорување на ограничувањето на брзината.

Пречекорување на ограничувањето на брзината во населено место и на отворен пат се казнува со парична казна до 5.000 евра, а возачот може да смета дека и подолго време ќе остане без дозволата.

До сега, за првото возење со брзина од 41 до 60 километри на час во населено место, се закануваше казна за одземање на дозволата за две недели, а отсега е на еден месец.

Ако пречекорувањето се повтори, во рок од четири години, тогаш дозволата се одзема на три месеци, и со секое понатамошно прекршување, одземањето се зголемува за три до шест месеци.

Имено, поените што се внесуваат во регистарот за прекршоци се бришат дури по четири години, а не по три како досега.

Казната дополнително се зголемува, во случај на повеќекратно прекршување на ограничувањето на брзината, за повеќе од 50 проценти, на пример максималната казна од 2.180 до 5.000 евра.

Инаку, законот носи и зголемување на казната за „обично“ возење со голема брзина.

Секој што ќе ја надмине дозволената брзина за повеќе од 30 километри, сега мора да плати 150 наместо 70 евра.

Кој ќе ја надмине дозволената брзина во населено место за повеќе од 40 или на отворено за повеќе од 50 километри на час, мора да плати најмалку 300, наместо досегашните 150 евра.

Слични содржини