Австрија претстави куче кое може да намириса коронавирус

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Австриската армија го претстави првото воено куче научено да го открива коорнавирусот со намирусување на заштитната маска на заразените, соопшти австриското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека еден белгиски овчар по име Фантази учествува во програма што треба да открие дали кучињата можат да разликуваат здрави и заразени луѓе.

Привремен извештај за програмата потврди дека кучето навистина може да ги препознае маските на заразените лица, пренесе ТАСС.

„Првата фаза на проверка на кучето преминува во практична фаза“, се вели во соопштението.

Второто куче во моментов ја завршува првата фаза, додека уште две кучиња ќе ја научат оваа вештина до крајот на годината.

Проектот се очекува да заврши во првиот квартал од 2021 година, пред кој сите кучиња ќе поминат практични тестови на маските на заразените.

Министерството за одбрана сака да донесе заклучок дали е можно да се користат кучиња во реални услови, на пример на аеродромите.