Австрија: Строги мерки поради граѓаните од Балканот и Турција

од Nikola Popovski
179 прегледи

Австриските власти планираат да воведат строги мерки неколку дена пред Божиќ. Мерките ќе се однесуваат на ограничувања за влез во земјата за време на празниците.

Според тврдењата на „Кронен цајтунг“, овие мерки особено ги погодуваат луѓето кои сакаат да патуваат во „ризични области“ како Балканот и Турција за време на празниците, пренесуваат балканските медиуми.

Секој што патува ќе мора да биде во карантин десет дена по враќањето во Австрија. Мерките, како што велат, ќе важат до 10 јануари и ќе важат за сите земји што ќе имаат седумдневна стапка по број на заразени поголема од 100 на 100.000 жители.

Слични содржини