Австрија воведе драстични мерки за возачите кои возат пребрзо

од Vladimir Zorba
749 прегледи

Австрија на крајот на минатата година најави воведување драстични мерки за возачите кои возат пребрзо. Полицијата потоа на лице место соопштила за одземање на возилото со можност за трајно одземање. Од 1 март – сето горенаведено стана реалност, пишува AutoBild.

На оние кои ќе ја надминат брзината за 80 км/ч во населба или 90 км/ч надвор од населбата ќе им биде одземено возилото и продадено на аукција, пренесува австриската агенција АПА.

Исто така, доколку возачот во минатото веќе бил казнет за пребрзо возење, автомобилот може да му биде одземен дури и ако ја надмине брзината за 60 км/ч во населба, или 70 км/ч надвор од населбата, пренесува „Јутарњи“.

„Постои брзина со која автомобилот станува оружје. Сега ќе ставиме крај на тоа и ќе се погрижиме идните криминалци веднаш и трајно да се разоружаат“, рече министерката за транспорт Леоноре Гевеслер.

Од друга страна, Австриската автомобилска асоцијација (ÖAMTC) се сомнева во ефективноста на мерката.

„Нема студии кои докажуваат дека построгите казни ги одвраќаат луѓето од извршување на прекршоци. Загрижени сме, за ваквите драстични мерки за враќање на автомобилот треба да одлучуваат судовите, а не административните органи“, објасни за АПА адвокатот на ÖAMTC, Матијас Волф.

Слични содржини