Австрија затвора три покраини пред Велигденските празници

189 прегледи

Виена и уште две провинции во источна Австрија ќе бидат затворени за време на велигденските празници, поради зголемениот број на лица заразени со коронавирусот и притисокот врз единиците за интензивна нега во болниците, објави денеска министерот за здравство Рудолф Аншобер.

Виена, Долна Австрија и Бургенланд, на границата со Унгарија, денеска договорија за најстрогите епидемиолошки мерки со Министерството за здравство, откако беше објавено дека нема да има затворање во остатокот од земјата, објави Ројтерс.

Од деветте австриски покраини, тие три се најпогодени и бележат најголем број на инфекции со британскиот вид коронавирус, што предизвикува потешки клинички слики, поради што повеќе луѓе треба да бидат хоспитализирани.

„Ние сакаме да воведеме забрана за движење до полноќ до полноќ, како што беше пред и по Божиќ“, рече Аншобер на прес-конференција.

Слични содржини