Големо мнозинство од австриските граѓани го поддржуваат поставѕвањето на ограда долж границата за да престане миграцискиот бран во земјата. Мнозинството се изјаснуваат и за запирање на влезот на бегалци во Австрија. Ова го покажуваат резултатите од последната анкета на Институтот за јавно мислење / ИМАС / кои денес беа обелоденети од австрискиот печат.

Повеќе од 50 отсто од Австријците го поддржуваат подигањето на ограда долж границата со цел подобра контрола при влегувањето на бегалци во земјата. 85 отсто поддржуваат контролата на границите и воведувањето на квоти при распределбата на бегалците во земјите од Европската унија. 69 отсто од Австријците не ја одобруваат сегашната политика на власта во Виена во однос на бегалците. 56 отсто од анкетираните сметаат дека ЕУ треба да се обиде да го реши конфликтите во воените зони, вклучувајќи ја и употребата на воени средства. 62 отсто се прогласуваат за запирање на внесот на бегалци во Австрија. Само 3 отсто од Австријците се подготвени да прифатат воени бегалци во нивните домови за три месеци. 70 отсто од учесниците во анкетата сметаат дека бегалците мора да добијат само привремен статус бегалец.