Поради новиот летен бран на инфекции со коронавирусот, повеќето Австријци би сакале да се вратат на носење маски на јавни места.
Веќе со денови во Австрија се регистрирани меѓу 7.000 и 9.000 новозаразени, а се предвидува дека оваа бројка ќе продолжи да расте.
Истражувањето на јавното мислење на Институтот ОГМ покажува дека 55 отсто од Австријците би го поддржале враќањето на обврската за носење маски FFP2 на јавни места, како што се супермаркети, институции и јавниот превоз.
Од друга страна, 40 отсто се против, а пет отсто не сакале да коментираат на оваа тема.
Најмногу поддржувачи за враќање на обврската за носење маски има кај лицата постари од 50 години, бидејќи во таа возрасна група 66 отсто сакаат да ги вратат маските.
Само 47 отсто од оние помлади од 30 години го сакаат тоа.