Австриската министерка за одбрана во посета на Скопје

од Nikola Popovski
139 прегледи

Министерката за одбрана на Република Австрија, Клаудија Танер, денеска престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Танер ќе биде пречекана од министерката за одбрана Славјанка Петровска со високи воени почести во Министерството за одбрана.

Двете министерки ќе имаат средба по што ќе биде одржана заедничка прес-конференција, соопшти Министерството за одбрана.

Слични содржини