Руската вакцина против коронавирус покажува ефикасност и сигурност, еднаква на карактеристиките на автоматската пушка Калашников, изјави водечкиот инфектолог на Медицинскиот универзитет во Виена, Флоријан Талхамер.
„Спутник V е како автоматската пушка Калашников: едноставен и ефикасен. Охрабрувачките податоци беа објавени во многу угледно списание – иако доцна, но сепак беа направени. За време на првата и втората вакцинација се користат различни вирусни вектори, што ја зголемува ефикасноста“, рече професорот во интервју за Kronen Zeitung, коментирајќи ја руската вакцина, која сè уште не е пристигната во Австрија.
Вчера, медиумите пишуваа дека австриската влада го проучува руското барање вакцината „Спутник V“ да се произведува во австриските фабрики. Во интервју за весникот Welt am Sonntag, австрискиот канцелар Себастијан Курц изрази подготвеност да се вакцинира со руската или кинеската вакцина, доколку тие бидат одобрени во Европската унија. Тој исто така изрази подготвеност да организира производство на лекови во Австрија.
Да потсетиме, престижното научно списание Lanset претходно објави дека ефективноста на вакцината е 91,6 проценти, кај волонтерите постари од 60 години, е 91,8 проценти. Антитела на коронавирусот по вакцинирањето со „Спутник V“ се пронајдени кај 98 проценти од волонтерите.