Австриски новинар го објави нон-пејперот од Брисел меѓу Димитров, Османи и Захариева

од Берта Китинска
503 прегледи

Македонија е подготвена официјално да изјави дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година, стои во  нон-пејпрот,  кој  е документ од минатонеделната средба во Берлин беа вицепремиерот за  евроинтеграции Никола Димитров и министритет Бујар Османи и Екатерина Захариева, пренесува  австрискиот новинар Кристијан Фердинанд.

Во документот стои дека  Бугарија го задржува правото, во унилатерална изјава која ќе биде анекс на преговарачката рамка, да објави дека македонски јазик го подразбира македонски јазик во согласност со Уставот на Северна Македонија.

Ви го пренесуваме во целост:

-Бугарија и Македонија ја потврдуваат подготвеноста да ја интензивираат својата блиска билатерална соработка на темелите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен акцент на работка на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што треба да се интензивира и да станат потранспарентни, вклучително и со објавување на постигнатите резултати. Германија изразува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа.

-Бугарија и Македонија официјално ќе го потврдат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и малцинските прашања и повторно ќе се обврзат да преземат ефикасни мерки за спречување на ненамерната пропаганда од институциите и агенциите и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти насочени кон поттикнување на насилство, омраза и други слични активности што можат да бидат штетни за нивните односи.

-Бугарија, Македонија и Германија ја нагласуваат важноста на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната врска што се одвива од Драч преку Скопје до Софија и Варна. Тие ќе поддржат приоритете на Коридорот VIII во рамките на Економскиот и инвестициски план на Комисијата на ЕУ за Западен Балкан.

-Бугарија и Македонија се согласуваат околу важноста за поттикнување на добрососедските односи на сите нивоа, вклучително и преку размена на млади, и размислуваат да започнат заеднички проект за размена на младите, додека заеднички ќе ги испитаат понатамошните можни области за соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и интензивирање на билатералните контакти, вклучително и проекти за размена на медиуми и збратимување на градови.

-Бугарија, Македонија и Германија остануваат загрижени за тешката состојба предизвикана од пандемијата, нагласуваат дека тесната соработка меѓу соседите во рамките на ЕУ и ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучна за заедничко надминување на кризата што го доведува во опасност нашиот просперитет, социјалната кохезија и стабилност.

Слични содржини