Австриски „ОРФ“ за „Отворен Балкан“: Три земји сакаат да соработуваат по моделот на ЕУ

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Австрискиот јавен сервис „ОРФ“ оценува дека Албанија, Северна Македонија и Србија договориле мировен проект со иницијативата „Отворен Балкан“ и дека сакаат да соработуваат по моделот на ЕУ, а српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека сите три земји ќе има корист од тој проект.

Како што наведува весникот „Zeit im Bild“, тоа не е лесно во „етнички хетероген регион каков што е Балканот“.

„ОРФ“ наведува дека во Тирана, Вучиќ и премиерите Еди Рама и Зоран Заев договориле сеопфатни мерки за регионална интеграција, пред се слободен проток на работна сила, по примерот на ЕУ.

Во изјавата за „ОРФ“, претседателот Вучиќ потсетил дека досега работниците, на пример, од Албанија, во Србија морале да ја обновуваат лиценцата еднаш месечно, а сега нема да бидат потребни дополнителни документи.

„Следната работа на која работиме е признавањето на дипломите. „Отворен Балкан“ е проект што значи огромни придобивки за нашите земји“, објасни Вучиќ.

„ОРФ“ посочува дека противници на овој проект имало и во Тирана, кои протестирале, но наведуваат и дека ги имало малку.

„Потешко е што Босна и Херцеговина и Црна Гора не сакаат да се приклучат, бидејќи се плашат од доминацијата на Србија, која е најсилната земја во регионот“, подвлекува „ОРФ“ во написот за „Отворен Балкан“.

Слични содржини