Австрискиот канцелар: Условите за пристапување за Украина мора да важат и за Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Во пресрет на денешниот Самит на ЕУ, австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека условите за пристапување на Украина мора да важат и за земјите од Западен Балкан, особено за Босна и Херцеговина.

Обраќајќи им се на пратениците во австрискиот парламент, тој најави дека Австрија ќе се залага за тоа на ниво на ЕУ.

Нехамер посочува дека со доделувањето на кандидатскиот статус на Украина и Молдавија се воведува нова процедура во ЕУ, во која кандидатскиот статус е добиен уште пред исполнувањето на критериумите на Унијата.

Слични содржини