Австриските аеродроми ги зајакнуваат безбедносните мерки

од Vladimir Zorba
92 прегледи

   Претставници на виенскиот аеродром соопштија денеска дека се зајакнати безбедносните мерки со воведување на системи за скенирање на лица на пунктовите за пасошка контрола.

Австриските власти најавија дека тие инсталации ќе почнат да се користат во декември на 50 аеродроми во земјата, на влезовите во Шенген зоната, односно зоната на ЕУ, која овозможува слободно патување преку границите.

Новите уреди ќе го споредуваат лицето на патниците со нивните скенирани фотографии од пасошите.