Автобус излета од патот во централна Турција, загинаа 12 лица

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Дванаесет лица загинаа, а 19 се повредени кога автобус излетал од патот во Турција.

Возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, кое преминало на спротивната лента и влетало во канал во градот Јозгата, изјави гувернерот Мехмет Али Озкан.

Автобусот сообраќал од Сивас за Истанбул.

Сивас е на околу 240 километри од Јозгата.

Озкан додаде дека 11 лица загинале на лице место, додека едно лице починало во болница.

Повредените се хоспитализирани, а едно лице е во тешка состојба.

Озкан додаде дека се уште се истражува причината за инцидентот, но дека најверојатно се работи за невнимание на возачот.

Слични содржини