Автобус на ЈСП завршил во средишните жардинери пред ТЦ „Мавровка“ во центарот на Скопје. Од засега неутврдени причини, автобусот со број „2“ завршил врз заштитната бетонска ограда на жардинериите кај булеварот.
Според првичните информации, има само материјална штета. Засега не е познато дали имало патници во него и дали има повредени.
Според она што може да се забележи, автобусот урнал дел од бетонската ограда. Евидентно е дека малку недостигало автобусот целосно да се преврти на булеварот.
Полицијата врши увид на местото на настанот. Се очекуваат повеќе детали по увидот.