Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите.
Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака, пренесува АП.
Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро соопшти дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едногодишно дете.